Околу 2.400 учеснички се појавија на седмото издание на Авицена Женската трка. Патеката долга 3 километри прва ја заврши Биљана Кираџиева пред Ирма Хајдарии и Ања Еклер. Награди им беа доделени и на сите кои завршија меѓу првите три во 7-те возрасни категории.
„Прекрасно се чувствуваме сите. Најголемата енергија доаѓа од учесничките. Се гледа дека со љубов трчаат и ја сакаат патеката“ – нагласи Гордана Николовска од Сојуз на спортови од Град Скопје.
Таа додаде дека трката е посветена на Снежана Караџовска која исто така учествуваше на Женска трка за да ја покаже нејзината желба за повторно да прооди.