Капитенот на фудбалскиот состав Милан, Алесио Ромањоли, поради повреда на мускулот ќе го пропушти остатокот од сезоната во Серија „А“. Тој беше принудно заменет на вчерашниот меч со Сасуоло одигран во рамките на 35-то коло во најсилниот фудбалски шампионат во Италија.
„Ромањоли има проблем и сигурно нема да игра до крајот на сезоната. Многу ми е жал затоа што игравме добро а Алесио беше константен од почетокот на сезоната“ – изјави тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, кој се осврна и на повредата на десниот дефанзивец , Андреа Конти.
„Конти има повреда на коленото, тој ќе биде подложен на дополнителни лекарски прегледи. Резултатите допрва ќе покажат за што станува збор“ – објасни Пиоли.