Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира, има скршеница на глуждот и ќе мора да паузира до крајот на сезоната, потврдија денеска лекарите на лондонскиот состав.
Младиот играч на „топчиите“ се повреди на средбата со Портсмут во ФА Купот а дополнителните лекарски прегледи само ја потврдија првичната констатација дека станува збор за скршеница. Тоа значи дека Уругвајскиот репрезентативец нема да може да му помогне на тимот во трката за место што води во Европа за наредната сезона. Денешната вест ќе му донесе дополнителни проблеми и на стратегот на Арсенал, Микел Артета, кој во континуитет се соочува со повредени и казнети фудбалери.
– Се уште се проценува ситуацијата, но, обично процесот на заздравување во такви случаи трае од осум до десет недели“ -стои во дел од соопштението објавено од страна на Арсенал.