Последните сезонски мечеви во тенискиот Дејвис Куп во Инсбрук, Австрија, ќе започнат в понеделник според програмата и покрај пандемијата со Ковид-19, соопштија во текот на денов организаторите. Инсбрук е еден од трите града домаќини покрај Мадрид (Шпанија) и Торино (Италија).
„Организаторите во Австрија се состануваат со локалните власти за да дознаат како рестриктивните мерки ќе влијаат на одржувањето на турнирот“ – се вели во соопштението.
Инсбрук ќе биде домаќин на натпреварите од групата Ц и Ф во Дејвис купот. Австрија е првата земја во западна Европа која повторно воведе строги рестриктивни мерки поради пандемијата на корона-вирусот.

