Светското првенство влегува во четврт-финалната фаза, каде што нема да гледаме некои од традиционално најдобрите тимови.
Изненадувачки или не, некои од омилените тимови едноставно не ги оправдуваат очекувањата со својата игра, но и со резултатите. Исто така меѓу осумте преостанати тимови во Русија нема континентални шампиони, како и некои од најголемите суперѕвезди на фудбалската игра.
Меѓу четвртфиналистите недостасуваат последните три светски шампиони – Германија, Шпанија и Италија, а „азурите” воопшто не се пласираа во Русија, Бундестимот не ја помина групата, а Шпанија беше елиминирана од Русија на пенали. Во завршницата на ова СП ги нема шампионите на Африка (Камерун), Европа (Португалија), Јужна Америка (Чиле), Северна и Централна Америка (САД), Азија (Австралија) и зона Океанија (Нов Зеланд).
Голгетерите на последните два шампионати Хамес Родригез и Томас Милер исто си заминаа дома, како супер ѕвездите Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Мундијалот 2018 заврши рано и за Мохамед Салах, Роберт Левандовски, Андрес Иниеста и Тони Крос.