Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Завршува „владеењето“ на Роналдо и Меси, Модриќ ќе ги тргне од „тронот“
    Фудбал

    Завршува „владеењето“ на Роналдо и Меси, Модриќ ќе ги тргне од „тронот“

    risteBy riste03/12/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва во Париз ќе биде крунисан новиот победник на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – „Златната топка” на  „Франс фудбал“.

    Едно нешто е речиси сигурно – победникот нема да се вика Кристијано Роналдо или Лионел Меси, кои доминираа во последните 10 години, и редовно ја добиваа оваа награда. Аргентинецот дури не се најде во топ 3, додека во Италија минатата недела открија дека Роналдо нема да патува за француската престолнина, бидејќи е информиран дека ќе биде втор.

    Според најавата добитник на наградата е хрватскиот играч од Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој веќе ја освои наградата ФИФА за „The best“. Во текот на сезоната, Модриќ настапи успешно за клубот и за репрезентацијата.

    Со Реал Мадрид тој ја освои четвртата титула од Лигата на шампионите за последните пет години и трета по ред, а со „ватрените” стигна до финалето на Светското првенство во Русија. Токму Мундијалот 2018 стави крај на владеењето на Роналдо и Меси кои не се претставија убедливо на СП во Русија.

    Можната победа на Модриќ ќе биде прва за Хрватска во изборот за „Златна топка”. Сегашниот прв човек на федерација, Давор Шукер, беше најблиску до трофејот, но остана втор во 1998 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    • Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.