Напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза, кој постигна 18 голови во досегашниот дел од сезоната може да се врати во фудбалска Италија.
Голгетерот иако пружа добри партии сепак не успеа да се вклопи во системот на тренерот на Шпанците кој преферира игра со двајца брзи напаѓачи. Според наведеното во медиумите, стратегот на Милан, Џенаро Гатузо, проценил дека Заза може да ја пополни празнината во нападот на “росонерите“ посебно ако се знае дека Никола Калиниќ и Андре Силва, најверојатно ќе бидат ставени на траснфер-листата.
Ќе потсетиме дека Заза во претходното лето за 16 милиони евра го напушти Јувентус и се пресели во редовите на Валенсија.