Симоне Заза пристигна во Торино за да го заврши трансферот во истоимениот италијански прволигаш. Напаѓачот последен пат играше за Валенсија и се очекува за него „биковите“ да платат 14 милиони евра.
Италијанскиот фудбалер вчера го потпиша договорот пред да се затвори трансфер пазарот во Серија А. 27-годишниот стрелец ќе дојде како позајмен до крајот од сезоната за 2 милиони евра, а следното лето Торино ќе може да го купи за уште 12 милиони евра.