Според весникот „Газета Дело Спорт“, поранешниот напаѓач на Јувентус Симоне Заза се согласил на трансфер во редовите на Милан. Според информацијата, Заза потпишал 4-годишен договор со „росонерите“ за кои ќе добие по 2,5 милиони евра од сезона.
Интересно е што трансферот можеби и нема да се реализира ова лето, бидејќи Валенсија сака да го даде играчот под наем со право на откуп, а Милан се уште не е подгитвен да го купи, се додека во своите редови го има хрватскиот напаѓач Калиниќ.