Фудбалерите на Селтик успеаа по четврти пат да го освојат победничкиот пехар во Лига Купот на Шкотска откако во големото финале го совладаа вечниот ривал Глазгов Ренџерс со минимални 1 спрема 0.
Единствениот гол на мечот беше дело на Кристофер Оферие во 60-та минута. Треба да се потенцира дека екипата на Нил Ленон во 63 минута остана со човек помалку кога Фримпонг доби црвен картон откако во шеснаесетникот го собори противничкиот напаѓач, Алфредо Морелос. Во тој миг Ренџерси имаа пенал, но, голманот на „детелинките“, Фрејзер Форстер, успеа да го одбрани шутот на Морелос.
Фудбалерите на Стивен Жерард иако до крајот на мечот направија повеќе идеални шанси за гол не успеаа да го избегнат поразот.

