Рускиот гигант Зенит од Санкт Петербург официјално го привлече во своите редови иконата на Јувентус, Клаудио Маркизио.
Веста беше потврдена и објавена од страна на екипата на Зенит, а 32-годишниот играч од средниот ред потпиша 2-годишен договор со тимот. Тој помина 13 сезони во дресот на „бјанконерите”, но по прилично изненадувачки начин се раздели со тимот ова лето.
„Ми се допаѓа и овој клуб и неговите амбиции”, тврди играчот од средниот ред. „Кога го напуштив Јувентус, си ветив дека нема да играм во друг италијански тим, па варијантата Серија „А” не постоела за мене, иако имав неколку добри опции” изјави Маркизио.
Овој играч од средниот ред освои седум титули во Италија за време на неговиот престој во Торино.