Македонскиот шампион Струга Трим Лум во првото квалификацико коло од новата сезона на Лигата на шампионите ќе игра против екипата на Жалгирис од Литванија. Денешната ждрепка во Нион, новиот македонски првак ја дочека од групата на неносители каде за можни ривали ги имаше и Ференцварош, Шемрок Роверс, Лудогорец и велшки ТНС.
Мечевите ќе се играат на 11/12 и 18/19 јули, прво во Литванија, а потоа во Охрид, каде Струга ТЛ ќе биде домаќин.