Во Монако попладнево со ждрепка беа одредени групите за новата сезона од Лигата на шампионите. Во неа ќе учествуваат 32 екипи, кои беа поделени во стандардните 8 групи.
Единствениот Македонец во групната фаза на најсилното европско натпреварување, Елиф Елмас со неговиот Наполи се најде во силна група заедно со Реал (М), Брага и Унион Берлин.
Како „група на смртта“ веројатно ќе биде прогласена групата „Ф“ во која се најдоа ПСЖ, Борусија (Д), Милан и Њукасл.
