Ако успешно го мине и 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на Шкендија ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу бугарски Лудогорец и унгарски Ференцварош.
Ова е резултат на денешната ждрепка во Нион на кој се одредуваат потенцијалните двојки за плеј-оф мечевите во европските купови. Според извечените двојки, Шкендија во потенцијалниот дуел со Лудогорец/Ференцварош најпрво ќе биде гостин, па реваншот ќе го одигра на домашен терен.


