На иранските жени ќе им биде дозволено да ги следат натпреварите на националниот тим за време на Светското првенство 2018 година.
Навивачите ќе ги гледаат натпреварите на големи екрани. Домаќин ќе биде најголемата фудбалска арена во земјата – стадионот „Азади“ во главниот град Техеран. За навивачите ќе се организира семејно шоу, каде што ќе бидат примени жени и деца.
И покрај фактот што сé уште нема донесено конечна одлука жените да следат машки фудбалски натпревари, овој настан би можел да стане сериозен преседан во историјата на женските права и слободи во Иран.
Се уште постои забрана за припадничките на понежниот пол да присуствуваат на фудбалски натпревари на машки тимови. Зголемениот интерес на Иранците кон Светското првенство се должи на фактот што националниот тим на земјата беше првиот меѓу азиските тимови кои обезбедија место во завршницата на СП во Русија.