Светското првенство во 2018 година е празник не само за Русија. Голема револуција се случи во Иран, каде што за првпат во 21-от век жените имаа можност да бидат стадион и да гледаат фудбалски натпревар на машки екипи.
Тие заедно со мажите го гледаа натпреварот Иран – Шпанија на огромен екран на стадионот „Азади” во главниот град Техеран. Жените немаа право да ги посетуваат стадионите од 1979 година, кога во земјата се изврши Исламската револуција. Од тој момент, жените имаат многу ограничени права и се обврзани да живеат по каноните на Шериата.
Жените требаше да бидат пуштени на трибините да го гледаат уште првиот натпревар на Иран на Светското првенство, но во последен момент властите откажаа директното следење на натпреварот под отворено небо и натпреварот беше прикажан само во кино салите.