Македонската фудбалска репрезентација во женска конкуребнција ги доби своите противници за Европските квалификации за Светското првенство во 2023 година кој стартуваат во втората половина од ваа година.
Во квалификациите за Светскиот шампионат ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи од шест тимови, три групи од пет селекции, а натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.
Македонската женска репрезентација е во групата Д со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксемубрг.
Квалификациска групна фаза:
13-21 септември 2021 година
18-26 октомври 2021 година
22-30 ноември 2021 година
4-12 април 2022 година
29 август – 6 септември 2022 година
Плеј-оф:
3 – 11 октомври 2022 година
Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на завршниот турнир кој ќе се игра во Австралија и Нов Зеланд, додека второпласираните во групите учествуваат во плеј-оф кои ќе се игра во октомври 2022 година.

