Менаџерот на Астон Вила, Стивен Жерард, ја потврди информацијата за заразените со коронавирус во клубот. Вчера медиумите во Англија објавија дека еден фудбалер и неколку вработени имале позитивни тестови на Ковид-19.
„Сите бевме повторно тестирани утрово и има неколку позитивни тестови меѓу играчите и вработените. Тие се во карантин и им посакуваме се најдобро“, рече Жерард, без да открие имиња. Сепак, резултатите од сите тестови сè уште се нејпознати.
Утре (вторник) Астон Вила гостува кај Норич и засега нема индиции дека овој натпревар може да биде одложен. Инфекции со Ковид-19 беа откриени и во Манчестер Јунајтед во неделата, а денес клубот ја затвори својата база на 24 часа.
За разлика од Астон Вила, „црвените ѓаволи“ се во преговори со Премиерлигата за одложување на натпреварот против Брентфорд, кој исто така е во вторник.

