Александар Митровиќ од Фулам доби суспензија од осум натпревари од независната регулаторна комисија поради неговото однесување кон судијата во поразот на Фулам од Манчестер Јунајтед во ФА Купот минатиот месец.
ФА ги потврди санкциите за Митровиќ кој откако веќе отслужи еден натпревар од казната, сега ќе ги пропушти и следните седум натпревари на Фулам.
Во соопштението на ФА се вели: „Стандардната казна која инаку би важела за Александар Митровиќ за прекршокот за насилно однесување што го направил кон судијата на натпреварот околу 72. минута беше очигледно недоволна. Напаѓачот одделно призна дека неговото однесување било непристојно, навредливо и заканувачко, а Регулаторната комисија изрече дополнителна суспензија од два натпревари и парична казна од 75.000 фунти. Вкупно, Регулаторната комисија го суспендираше Александар Митровиќ на осум натпревари“.