Фудбалерот, Габриел Жесус, кој игра во екипата на Арсенал, потенцира дека мора да биде уште подобар на теренот.
„Блиску сум до постигнување на мојот 100. гол во Премиер лигата. Погодувам и во Лигата на шампионите и во репрезентацијата. Претходно кажав дека не се фокусирам на моите цели и тоа е моја вина“ – вели Бразилецот.
26-годишниот напаѓач во сезонава одигра 23 натпревари со ефект од 8 голови и 5 асистенции.