Тренерот на Бенфика, Хорхе Жесус, ги сумираше импресиите од натпреварот со Барселона (0:0) во групната фаза од Лигата на шампионите. Во последните минути португалскиот тим можеше да дојде до победа, но напаѓачот Харис Сеферовиќ не го погоди празниот гол.
„Ова беше добар натпревар од дефанзивна гледна точка. Не може да се негира дека Барселона во текот на натпреварот не создаде неколку добри шанси. На крајот, кога имавме шанса, Барселона немаше ниту голман на голот. Тренер сум 30 години и никогаш не сум видел нешто слично. За жал, тоа се случи и со мене и со Бенфика“, изјави Жесус за веб-страницата на УЕФА.
По пет натпревари, Барселона се наоѓа на второто место на табелата во групата Е во Лигата на шампионите со 7 бода, додека Бенфика има 5 бода и е на третото место. Покрај каталонскиот и португалскиот клуб, во групата Е се и Баерн кој е убедлив на врвот со максимални 15 бода.

