Бразилскиот напаѓач од екипата на Арсенал, Габриел Жесус по мечот со Саутемптон (3:3) изјави дека не се согласува со зборувањата дека неговиот тим ја загубил шансата да ја освои титулата во англиската Премиер лига.
„Не сакам да зборувам негативно, бидејќи треба да останеме позитивни. Имаме неверојатна сезона. Ова е Премиер лига. Овде е многу тешко. Се натпреварувате со силни тимови како Саутемптон. Доаѓаат кај вас, се обидуваат добро да се одбранат, а потоа во контранапад да погодат. Примивме рано гол што ни го уништи планот, но мислам дека освен тоа, одигравме многу добро, ги почувствувавме и навивачите. Ова е тешко време и треба да се држиме заедно. Имаме уште многу да направиме оваа сезона. Сè уште ништо не е готово. Ние се уште сме пет бода пред Сити, иако има два натпревари помалку. Ако сакаме да станеме шампиони, треба да ги победиме, тоа е сè“, вели Жезус.