Првите луѓе на Реал Мадрид не се задоволни од минутажата што ја добива Раниер Жезус во Борусија Дортмунд кој игра како позајмен фудбалер и затоа планираат да го испратат во друг клуб.
Според најавите од Шпанија, составот од Бундес-лигата не го почитува договорот меѓу двата клуба и му дава мала минутажа на Бразилецот.
Затоа „белите“ сакаат во јануари да го испрата напаѓачот во екипата на Бенфика. Наводно, направени се и првите контакти со луѓето од португалскиот состав.