Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде е еден од главните кандидати за засилување на одбранбената линија на Барселона, објави „Мундо Депортиво“.
Барселона е свесна дека францускиот дефанзивец сака да ја напушти Севиља. Тој не успеа да му се приклучи на Челзи минатото лето бидејќи Севиља бараше 90 милиони евра за нивниот играч.
Претходно беше објавено дека Барселона е заинтересирана и за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Сепак, францускиот дефанзивец од Севиља е на прво место кај Чави за засилување на одбраната на тимот од Шпанија затоа што има искуство со игрите во Ла Лига.
Исто така се потенцира дека Фернандо Наваро, заменик спортскиот директор на Севиља, има многу добри односи со Чави и можно е тоа да помогне во преговорите за трансферот на францускиот дефанзивец.