Екипата на Жирона се врати во Ла Лига откако синоќа го совлада Тенерифе со 3-1 и обезбеди промоција во елитата за следната сезона. По натпреварот, уругвајскиот напаѓач во дресот на Жирона, Кристијан Стуани се обиде со зборови да ги искаже чувствата за промоцијата на својот тим.
„Чувствувам радост која е необјаснива. Во моментов се појавуваат толку многу спомени. Толку многу жртвувавме и се обидувавме повторно и повторно. Сега конечно сме тука и ја постигнавме нашата цел. Не можам да не му се заблагодарам на клубот и на моите соиграчи“, рече тој.
Жирона нема играно во Ла Лига од сезоната 2018/19.

