Напаѓачот на Чалзи , Оливие Жиру ги отфрли шпекулациите дека сака да го напушти клубот за да оди во тим каде што игра почесто.
Светскиот шампион со Франција не е загрижен дека би можел да го загуби своето место во репрезентацијата поради неколку минути кои ги добива во својот тим. Од почетокот на сезоната, Жиру има само четири натпревари во Премиер лигата, но е амбициозен и ќе се бори за место во стартниот состав.
„Дали би го напуштил Челзи за да го задржам своето место во репрезентацијата? Секако дека не, јас се чувствувам на ист начин како и пред неколку месеци кога ми беа поставувани истите прашања пред Светското првенство. Денес сум смирен. Среќен сум поради светската титула и нема потреба да влегувам во некој период кој ќе ми прави притисок. Се разбира, би сакал да играм повеќе, но јас сум дел од голем клуб, во кој има многу големи играчи. Ќе се борам за своето место и во моментот воопшто не размислувам да го напуштам. Останувам, не очекувајте од мене да се откажам“, изјави Жиру.