Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Оливие Жиру, денеска беше претставен како засилување за екипата на Милан.
Тој во изминатите десетина година играше во Премиер-лигата во екипите на Арсенал и Челзи. Напаѓачот кој во претходните три сезони играше за „сините“ од Лондон, на 119 меча постигна 39 голови.
Корпулентниот фудбалер во редовите на „росонерите“ ќе го носи дресот со бројот – 9.