Францускиот напаѓач во екипата на Милан, Оливие Жиру го коментираше резултатот од натпреварот од 8-то коло во италијанската Серија А со Верона (3:2).
„По првото полувреме, мислев дека ова не е крај. Требаше да покажеме карактер. На Милан му требаше време да влезе во игра, вклучувајќи ме и мене. Мислам дека ми треба повеќе атлетски тренинзи. Важно беше да се вратиме во игра по 0:2. Тоа беше емотивен момент, бидејќи можевме да ја свртиме средбата пред нашите фанови. Навистина сум среќен“, изјави Жиру во изјава за „Скај Спорт Италија“.
Милан има 22 бода и се искачи на првото место на табелата пред Наполи (21) кој денес игра на домашен терен со Торино.