Оливие Жиру не е загрижен за неговата иднина во Челзи иако „сините“ во текот на летово го ангажираат во нападот, Тимо Вернер. Францускиот репрезентативец вели дека ќе се бори за неговото место на теренот и дека очекува добра сезона.
„ Во секој голем клуб секогаш има жестока конкуренција. Тоа дополнително ме мотивира. Тимо Вернер дојде да игра, но, ние не сме ист профил на играчи, затоа не сум премногу загрижен“ – потенцираше Жиру.
„Сите знаат дека за малку ќе си заминев од Челзи. Сега има голема самодоверба и верувам дека во новата сезона ќе имам далеку подобри настапи“ – вели Жиру.

