Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру призна дека фудбалерите „не знаеле дали да напаѓаат или да се бранат“ по првиот гол на Наполи во дербито во Серија А.
Неговиот тим на полувремето имаше предност од 2-0 но, домаќинот успеа да извлече нерешен резултат 2-2.
„ Нивната самодоверба порасна откако го постигнаа првиот гол и не знаевме дали да нападнеме или да се браниме. Разочаран сум“ – изјави 37-годишниот фудбалер на „росонерите“.