Напаѓачот на Франција, Оливие Жиру, призна дека не може да ги среди емоциите по вчерашната победа против Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија. „Галските петли“ по втор пат успеаа да дојдат до победничкиот пехар што предизвика еуфорија во нивната татковина.
„Дадовме се да ја освоиме титулата. Уште не можам да поверувам дека сме светски шампиони. Кога ја видов радоста на моето семејство доживеав необјасниво чувство” – рече Жиру.
„Со нетрпение чекам да се вратам дома за да видам како цела Франција ликува. Од 1998 година немавме титула и сега можеме да се гордееме со постигнатото” – додаде напаѓачот на Франција.