Оливие Жиру уште еднаш стави знак прашање околу неговата иднина во Челзи, потврдувајќи дека добил понуди од други клубови.
Тој има договор со Челзи до крајот на сезоната и клубот доколку сака може да го активира едногодишното продолжување на договорот на францускиот интернационалец со што тој би останал на „Стемфорд Бриџ“ или да ризикуваат и да го загубат ова лето.
„Јас сум фрустриран кога не играм, но едноставно не сакам да го покажам тоа“, рече Жиру.
„Не сум среќен што сум втор напаѓач. Не знам дали ќе бидам тука следната сезона мора да разговараме со раководството на клубот. Сакам да уживам во мојот фудбал. Мора да се одлучи до крајот на сезоната. Да, добив понуди од други клубови, но не можам ништо да кажам во моментов. Сега сум фокусиран на Челзи” изјави Оливие Жиру.