Напаѓачот на Челзи и репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру го постигна својот 31-ви гол за селекцијата на Франција во победата од 2:0 над Република Ирска во контролниот меч одигран синоќа.
Така, 31-годишниот Жиру се изедначи со Зинедин Зидан според бројот на постигнати голови за својата репрезентација. Зад Жиру останаа легендарните голетери на француската репрезентација, како што се Жуст Фонтен и Жан-Пјер Папен, кои постигнале 30 гола.
Лидер на ранг-листата и понатаму е Тиери Анри со 51, а зад него се Мишел Платини (41) и Давид Трезеге (34) постигнати гола.