Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи, ја разгледуваат можноста да го ангажираат полскиот напаѓач, Криштоф Пјонтек, доколку успеат да го продадат, Оливие Жиру.
„Газета дело Спорт“, пишува, дека Французинот е пред трансфер во редовите на Интер и дека набрзо ќе се пресели на „Џузепе Меаца“. Тоа значи дека автоматски ќе се ослободи место за евентуален ангажман на корпулентниот напаѓач кој може да биде одлично засилување за четата на Франк Лампард.
Пјонтек во меѓувреме се поврзуваше и со можен трансфер во Тотенхем, но, засега „Спарси“ не покажале иницијатива дека сакаат да го обезедат неговиот потпис.

