Репрезензтативецот на Франција, Оливие Жиру, по вчерашната победа против Австралија на стартот на Светското фудбалско првенство во Катар, изјави дека е задоволен од играта и резултатот.
„Имавме добар ритам и самодоверба да направиме пресврт. Треба да играме подобро во воведот на мечот, не треба да се плашиме“ – потенцираше играчот на „Галските петли“.
Франција по првата рунда е лидер во групата со 3 бода пред Данска и Тунис кои имаат по 1 додека „кенгурите“ се последни без бод.