Францускиот фудбалер во редовите на Милан, Оливие Жиру, изјави дека е премногу рано да се зборува за успешна сезона и да се прави еуфорија иако Росонерите се претставија добро во Серија „А“. Тие се на првото место со 2 бода предност пред Наполи и Интер.
„Треба да се бориме до крај, се уште ништо не сме освоиле. Милан отсекогаш бил еден од најголемите клубови во светот“ – изјави Жиру.
Напаѓачот на „росонерите“ од почетокот на сезоната има постигнато 10 гола на 24 натпревари.