Напаѓачот на Франција, Оливие Жиру, пред полу-финалето со Белгија, вели дека легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри, ја избрал погрешната страна откако прифати да биде помошник-тренер во националниот тим на Белгијците.
„Чудно е што Тиери Анри ќе биде против нас. Се разбира дека би сакал Анри да беше во нашиот камп и да дава совети на нашите напаѓачи“ вели 31-годишниот Жиру кој пред неколку години беше критикуван токму од Анри.
„Тоа што го рече Анри останува во минатото.Треба да одиграме добро на мечот со Белгија и да бидеме компактни“ – вели напаѓачот на „триколорите“.