Милан и официјално го комплетираше трансферот на Жоао Феликс како позајмен од Челзи, а покрај него во последниот ден од преодниот рок пристигнаа и Ворен Бондо од Монца и Рикардо Сотил како позајмен играч со опција за откуп од Фиорентина.
„Росонерите“ беа исклучително активни во последните часови од преодниот рок и успеаја да постигнат три договори. Највпечатливо е доведувањето на Жоао Феликс на позајмица од Челзи за цена од само 2 милиони евра, плус покривање на неговата плата во следните пет месеци.
Репрезентативецот на Португалија слета на аеродромот во Малпенса и беше однесен директно во Каза Милано за да ги потпише документите.

