Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс се опорави од коронавирусот, објави „Марка“. Фудбалерот може да учествува на следниот натпревар со Леванте, кој ќе се одигра утре, 17 февруари.
Феликс кој дојде во Атлетико од Бенфика во 2019 година за 127,2 милиони евра има актуелен договор со клубот до 2026 година. Оваа сезона, 21-годишниот фудбалер одигра 25 натпревари, постигна девет гола и пет асистенции.
Феликс исто така е дел од репрезентацијата на Португалија. Како дел од националниот тим, напаѓачот одигра 13 натпревари, постигна три гола и 1 асистенција. Интернет порталот „Трансфермаркт“ ја проценува трансфер вредноста на играчот на 100 милиони евра.