Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс заработи повреда на денешниот тренинг на својата екипа, објавија од „Ванда Метрополитано“.
Португалскиот фудбалер има проблем со лигамент во левото колено и ќе биде надвор од тренинг околу три недели. Повредата се очекува да не влијае на неговото учество на претстојните натпревари на Атлетико Мадрид.
Во првото коло по рестартирањето на сезоната, Атлетико Мадрид игра со Атлетик Билбао, а Феликс е казнет. Ова е трета повреда на Португалецот во неговата прва сезона во мадридскиот тим.