Дефанзивецот на Баерн, Жоао Кансело, кој игра за германскиот гигант како позајмен играч, дозволи враќање во Манчестер Сити на крајот од сезоната. Правата на играчот му припаѓаат на тимот од „Етихад“.
„Дали ќе ја славам победата на Манчестер Сити во Премиер лигата? Се надевам. Имам второ семејство таму. Бернардо Силва е еден од моите најдобри пријатели, личноста која најмногу ми недостасува. Тој ми беше психолог. Кога нешто ќе тргнеше наопаку, зборував со него. Имам добар однос и со Рубен Диас, но мојот однос со Бернардо е многу добар. Имавме одлична врска на теренот. Секако дека навивам за „Граѓаните“ и се надевам дека ќе ја освојат титулата за на крајот од сезоната да прославам шампионска титула во Англија и Германија. Тие го имаат најдобриот состав со кој сум играл. Сè во животот завршува, но на крајот на сезоната можам да се вратам таму, бидејќи никогаш не знаеш што може да се случи“, изјави Кансело за „Манчестер Ивнинг Њуз“.

