Фудбалскиот состав на Њукасл го обезбеди потписот на бразилскиот напаѓач Жолингтон кој беше купен од германскиот Хофенхајм.
Клубот од Англија иако ја потврди веста, не сакаше да ја открие вредноста на трансферот. Сепак, според медиумите, членот на Премиер лигата ќе плати од 40 до 45 милиони евра со што ќе биде надминат рекордот од мината сезона кога за Мигел Алмирон беа издвоени 25 милиони евра.
Жолингтон во дресот на Хофенхајм во изминатата сезона одигра 28 натпревари во кои постигна седум голови.