Играчот за врска на Италија, Жоргињо, беше еден од хероите во успехот над Шпанија во полуфиналето на Евро 2020. Бразилецот со италијански пасош доби тешка задача да го изведе последниот пенал на мечот, но тоа го стори исклучително кул и бескомпромисно и со тоа се запечати успехот на својот тим. На прашањето како успеа да го изведе шутот на овој начин, тој рече дека само зел здив и шутирал.
„Тоа беше голема битка против голем противник кој не принуди многу да трчаме. Не престанавме да веруваме до самиот крај и мислам дека заслуживме да победиме. Кога треба да изведете пенал, ја чувствувате целата тежина на рамената. Се обидов да апстрахирам од сè околу мене и да се фокусирам на она што го тренирам. Само длабоко здивнав и шутирав“, објасни Жоргињо.

