Тренерот на Фламенго, Жорже Жесус, потпиша нов договор со клубот. Договорот ќе трае до 2021 година.
Под негово водство, „Црвено-црните“ ги освоија Копа Либертадорес (за прв пат по 1981 година) и Бразилскиот шампионат (за прв пат по 2009 година). Тренерот предизвика скандал пред некое време, Жесус се вратил во родната Португалија откако бил заразен со коронавирус.
Тој пристигна на аеродромот во Лисабон облечен со ракавици и маска, додека новинарите кои го чекаа него беа без опрема за лична заштита.