Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота верува дека неговиот тим на крајот од сезоната може да влезе во најдобрите четири тима во англиската Премиер лига.
„Мислам дека Ливерпул може да заврши меѓу првите четири. Тотенхем е четврти, но имаме уште неколку натпревари до крајот. Можеме да го направиме тоа ако одиме напред. Натпреварите со Манчестер Јунајтед се секогаш посебен момент, но ние мораме да освоиме три бода“, изјави Жота пред денешниот натпревар.
Ливерпул на 24 натпревари во Премиер лигата има освоено 39 бода и се наоѓа на шестото место на табелата. Тотенхем е на четвртата позиција со 45 бодови од 26 натпревари. Денеска, Ливерпул на домашен терен ќе игра со Манчестер Јунајтед. Средбата на „Енфилд“ ќе започне во 17:30 часот.