Португалскиот напаѓач, Диого Жота, беше исклучително задоволен од неговиот прв гол за тимот на Ливерпул. Тој вчера погоди во мрежата на Арсенал во мечот од Премиер-лигата иако доби само десет минути на теренот како замена за Садио Мане.
„За мене голот значи многу.Секогаш сакате да се прилагодите што е можно побрзо кога ќе дојдете во тим од толку висока класа. Бев одлично прифатен и сакам да им се заблагодарам на соиграчите“ – изјави фудбалерот за веб-страната на клубот.
„Можев да одиграм подобро, имав две шанси, но, сепак сум среќен бидејќи го постигнав првиот гол за Ливерпул на мојот прв натпревар на „Енфилд“ – нагласи Португалецот.