Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, сака да го види дефанзивецот на Интер, Диего Годин во неговиот клуб. Ова денес го објави „Тутопорт“.
Според изворот, Мурињо веќе бил заинтересиран за играчот кога бил на чело на Манчестер Јунајтед. Годин играше за Атлетико Мадрид од 2010 до 2019 година. Заедно со Атлетико Мадрид , Диего стана шампион на Шпанија, освојувач на Купот на Шпанија, двапати ја освои Лигата на Европа, три пати – Суперкупот на УЕФА. Вкупно за Атлетико Мадрид, Годин одигра 277 натпревари и постигна 17 голови.
Во летото 2019 година, дефанзивецот му се приклучи на Интер како слободен играч. Оваа сезона, 34-годишниот Уругваец одигра 17 натпревари како дел од миланскиот клуб. Договорот на дефанзивецот со Интер важи до летото 2022 година.

