Ново формираниот ЖРК Атлетик преку соопштение до медиумите најави дека ќе се стреми да биде расадник на голем број репрезентативки во догледно време и дека ќе форсира вистински спортски вредности со еднаква шанса за докажување на младите ракометарки.
„Со големо задоволство ви го најавуваме проектот кој го смисливме со многу голема љубов и желба и за кој веруваме дека ќе биде нешто посебно во женскиот ракомет. Искуството во Европскиот женски ракомет ќе ни овозможи полесно да ги оствариме зацртаните цели со исклучиво наши Македонски играчи“ – вели Ана Стојков, Извршен директор.
„Пресреќна сум што сум дел од овој прекрасен нов проект ЖРК Атлетик, клуб со позитивна и перспективна иднина и прекрасни луѓе.Мислам дека имаме одличен тренерски колектив со свежи идеи и мисли” – рече Татјана Хмирова која ќе биде главен тренер на ЖРК Атлетик.

