Во екипата на Олимпик Лион е запален црвеното светло или уклучен алармот по вчерашниот домашен пораз од екипата на Нант.
Спортскиот директор на Олимппик Лион, Жунињо најави дека ќе има разговор со претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола. Тој истакна дека не исклучува можноста за отказ на тренер Силвињо.
„Тренерот е првиот на кој му се заканува отказ – ова е фудбалски закон. Тој секогаш го има последниот збор и тие секогаш го прашуваат прво него. Кога некој тим не победува, вие би го сториле истото доколку сте на местото на претседателот. Така функционира фудбалот. Го одбрав Силвињо и јас сум одговорен за него.Не велам дека има потреба од радикални промени, не знам. Не ми се допаѓа ставот на играчите и немаме многу време да го поправиме. Лесно е да се обвини тренерот, но играчите мора да реагираат. Веќе трипати разговарав со лидерите на тимот. Се сретнавме повторно во петокот пред тренингот и мислевме дека ќе видиме друг Лион против Нант. Сите сме разочарани. Играме ужасно, не е пријатно да гледаме што правиме со топката. Фудбалерите не гледаат решенија, не ги гледаме нашите соиграчи, кои се оддалечени неколку метри. Претседателот ќе мора да донесе важни и тешки одлуки. Па ќе видиме какви ќе бидат резултатите“, рече Жунињо.