Англискиот фудбалски состав Арсенал во текот на летово направил обид да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, но, „кралевите“ веднаш ја одбиле понудата.
Бразилските медиуми пренесоа дека техничкиот директор на „топчиите“, Еду, имал намера да издејствува трансфер на неговиот сонародник, но, добил негативен одговор од шпанскиот состав.
Според наведеното, англичаните имале намера да го земат 19- годишниот офанзивен фудбалер на позајмица а потоа доколку бидат задоволни од неговиот ефект да му го откупат и договорот.